Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на денешната прес-конференција информираше дека за вчерашните инциденти со македонското знаме се уапсени осум лица, меѓу кои и еден малолетник.
„МВР одговори максимално брзо, нема да да дозволиме ваков вид на дејствија и подгорување на меѓуетнички тензии. Во текот на вечерта се целосно расветлени повеќе случаи, а некои делумно. Уапсени се 8 лица од страна на полицијата. Четири лица меѓу кои и малолетник за сквернавење на македонското знаме“, информираше министерот.
Тошкоски вели дека истите по насока на Јавен обвинител, се приведени и ќе бидат изведени по итна постапка пред лицето на правдата, а потоа Судот ќе одлучи во рамки на своите законски надлежности.
Видете и ова: Тошковски: МВР жестоко ќе одговори на секој обид за дестабилизацијаТој упати порака до како што рече, сите кои се на ум да предизвикаат какво било сценарио за дестабилизација на Македонија, дека полицијата жестоко и сурово ќе одговори на тие обиди.
На синоќешната прослава на Денот на албанското знаме, беше палено, кинето и газено македонското знаме. Центарот на градот беше блокиран од прославата, а се слушаше и пукање.
На снимки од прославата, објавени на социјалните мрежи, се гледа како се кине, гази со автомобил и се пали македонското знаме.
Од Јавното обвинителство велат дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот.