Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов денеска (29 ноември) пристигна во официјална посета на Северна Кореја.
Посетата се одвива во период кога е забележително зближувањето меѓу двете земји.
„За време на официјалната посета на министерот за одбрана на Русија на КНДР, планирани се голем број билатерални средби со претставници на военото и воено-политичкото раководство на републиката“, соопшти Министерството за одбрана на Руската Федерација.
Видете и ова: Северна Кореја го ратификуваше одбранбениот договор со РусијаВо соопштението не се наведуваат повеќе детали околу посетата.
Неодамна Северна Кореја го ратификуваше одбранбениот договор со Русија, со што е потврдено нивното зближување поради руската војна во Украина. Според украинските власти, околу 11 000 севернокорејски војници веќе се распоредени во Русија и почнале да се борат против Украинците на руска територија, во областа Курск.