За нов пакет санкции на ЕУ против Русија, вклучително и мерки за таргетирање на кинеските компании што произведуваат беспилотни летала за руската војна против Украина, за првпат се разговараше вчера, јави ДПА.
Претставниците на 27-те земји-членки разговараа за новите предлози на Европската комисија во рамки на 15-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија по руската инвазија врз Украина.
Видете и ова: Орбан: ЕУ треба да ги преиспита санкциите против Русија, за да ги намали цените на енергијатаСпоред ДПА, предлозите вклучуваат и преземање построги дејствија против т.н руска флота во сенка што се користи за транспорт на нафта и нафтени деривати.