На седницата на Собранието на Србија на 25 ноември дојде до турканици и тепачка меѓу претставници на власта и опозицијата. Во инцидентот покрај пратеници учествуваа и владини министри, а ги раздели собраниското обезбедување.
Во преносот на собраниската седница тонот беше пригушен, па не можеше да се слушне што си зборуваат пратениците, ниту беше јасно како започнал инцидентот.
Она што може да се види од телевизискиот пренос е како членовите на власта и опозицијата ги разделува собраниското обезбедување, додека се удираат, влечат, туркаат и полеваат со вода меѓу себе.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ ја прекина седницата, но инцидентите во салата продолжија и откако таа нареди пауза.
Пратениците од опозицијата претходно најавија дека ќе ја блокираат работата на Собранието бидејќи претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, го одби нивното барање да се закаже седница на која ќе се расправа за гласање недоверба на Владата, по несреќата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, каде се урна настрешницата и притоа загинаа 15 лица.
Опозицијата бара разрешување на премиерот Милош Вучевиќ, како и утврдување политичка и кривична одговорност за несреќата.
Видете и ова: Крвави отпечатоци од раце на новиот протест во Нови СадИнцидентите започнаа во моментот кога во салата влегоа премиерот на Србија, Милош Вучевиќ и владините министри. Тие присуствуваа на седницата на која беше презентиран предлог-буџетот за 2025 година кој е на дневен ред на Собранието.
Откако Вучевиќ и министрите влегоа во салата, пратениците од опозицијата кренаа хартии на кои пишуваше „корупцијата убива“ и „рацете ви се крвави“, и извикуваа „убијци“.
Тие истакнаа и транспарент со ликот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на кој неговите раце се обоени во црвено.
Дел од пратениците од опозицијата потоа се обидоа да се доближат до делот од салата каде седат владините министри. Не можеше да се слушне што си зборуваат.
По тоа собранискиот спикер го повика собраниското обезбедување да реагира.
Инцидент се случил и во галеријата на собраниската сала, каде реагирало и собраниското обезбедување.
Видете и ова: Активисти со блокади бараат да не се урива Стариот савски мост во БелградВо галеријата претставниците на власта поставија транспарент на кој пишува „Жолтиот џган сака војна, Србија сака работа“. Потоа дошло до конфликт со пратеници од опозицијата кои се обиделе да го тргнат транспарентот.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ пред паузата на покана на претседателката на Собранието почна да го презентира буџетот за 2025 година.
Опозицијата го прекина неговиот говор со свирежи и вувузели. Додека говореше Вучевиќ, пратениците од опозицијата застанаа околу него и министрите и ги држеа паролите „рацете ви се крвави“.