Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој синоќа (24 ноември) гостуваше на британскиот јавен сервис Би-Би-Си изјави дека цел на државата е да стане полноправна членка на Европската Унија и дека никогаш не го признале Косово.
„Нашата цел е Србија да стане полноправна членка на ЕУ, но да ги има нашите традиционални пријатели и партнери на исток... На патот кон Европа не можете да постигнете ништо без мир и стабилност“, рече Вуќчиќ.
Во врска со Косово, Вучиќ изјави:
„Никогаш не сме го признале Косово. Никогаш не било кажано, никогаш не било напишано. Се трудиме да живееме во мир“.
Видете и ова: Вучиќ ги претстави барањата на Србија во однос на КосовоНа прашањето за резолуцијата за Сребреница, Вучиќ потсети дека бил нападнат за време на неговата посета на тој град и дека 109 земји од светот во Генералното собрание на ОН го делат мислењето на Србија за тоа дали станува збор за геноцид.
„Секогаш бев подготвен да признаам дека масакрот во Сребреница беше страшен... Секогаш сум подготвен да им оддадам почит на жртвите, но не сум подготвен да зборувам на тој начин и да поставувам нови политички прашања и нови политички проблеми “, изјави Вучиќ во интервјуто за Би-Би-Си.
На прашањето за „големосрпската идеологија“, Вучиќ рече дека тоа е „измислена приказна од луѓе кои сакаат да и нанесат штета на Србија“.