СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес, каде се очекува да биде избрано новото раководство на партијата: нови членови на највисоките тела, како и на Централниот и Надзорниот одбор.
Портпаролката на партијата Богданка Кузеска информираше дека конгресот ќе има отворен и работен дел, а ќе се разговара за идните политики на партијата.
Видете и ова: Уште неизбрано, новото раководство на СДСМ го чека „ѓаволски тешка“ работаКонгресот треба да започне во 13 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Според најавата, прво ќе биде отворениот дел од конгресот на кој ќе се обрати претседателот на партијата, Венко Филипче.
Изборот на новото раководство на СДСМ доаѓа откако пред речиси пет месеци Филипче ја презеде лидерската позиција.