Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија се обидува да ги истера неговите сили од регионот Курск пред новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп да ја преземе функцијата следната година, но додаде дека воената ситуација во регионот Доњецк е најкритична за неговата земја.
„Сигурен сум дека [рускиот претседател Владимир Путин] сака да не избрка пред 20 јануари“, рече Зеленски пред новинарите, мислејќи на денот на инаугурацијата на Трамп. „За него е многу важно да покаже дека ја контролира ситуацијата“ во Курск.
Украина го запрепасти Кремљ со навлегување во регионот Курск во август, заземајќи речиси 1.400 квадратни километри руска територија. Со ветувањето на Трамп дека ќе стави крај на војната по стапувањето на функцијата, Москва би можела да биде принудена да ја замени земјата што ја зазеде во Украина за територијата Курск, доколку не успее да ги истисне украинските сили навреме.
Видете и ова: Шефицата на Европскиот парламент: Германија треба да испрати ракети во УкраинаПутин испрати десетици илјади руски војници во Курск, кои ги зголемуваат контранападите бран по бран, рече извор од Генералштабот на Украина. Русија врати околу 800 квадратни километри во Курск или околу 40 отсто од територијата што Украина ја зазеде, рече изворот.
Зеленски рече дека Русија трпи загуби во Курск какви што досега не доживеала. Русија губеше по 1.500 војници дневно поради повреди и смрт минатиот месец, што е најмногу од почетокот на војната, соопштија украинските и западните власти.
„Русија не претрпела такви загуби како што трпи сега во Курск“, рече Зеленски.
Русија регрутираше повеќе од 11.000 севернокорејски војници за да ѝ помогнат да ја врати територијата на Курск. Севернокорејските трупи, наводно, пристигнале минатиот месец, иако не е јасно дали тие досега учествувале во борбите.
Соединетите држави и Обединетото Кралство, наводно, ѝ дале дозвола оваа недела на Украина да нападне во Русија со проектили ATACMS и Storm Shadow. Ракетите се прецизно, тактичко оружје дизајнирано да погоди командно-контролни центри, логистика и складишта за оружје во близина на фронтот.
Украина веќе ги искористи ракетите за да го нападне Курск и соседниот регион Белгород.
Во меѓувреме, руските копнени сили продолжуваат да напредуваат во источна Украина, вклучително и во близина на градот Велика Новосилка, според Дип Стејт, организација со врски со украинската армија, а потврдена и од други аналитичари.
Украина се бори да го спречи рускиот напредок поради недостаток на сила во луѓе, што ја зголемува загриженоста за можен пробив. Додека Русија ги губи силите со поголема стапка, Кремљ е во состојба брзо да ги замени благодарение на профитабилните плати и стимулации.
Видете и ова: Трамп, наводно, размислува да го номинира Гренел за пратеник за војната во УкраинаПутин на 23 ноември ги прошири тие стимулации, потпишувајќи закон со кој се дозволува отпишување на долговите за новите армиски регрути кои доброволно ќе се борат во Украина.
Новиот закон ѝ дозволува на државата да им прости долг до 10 милиони рубљи (95.835 долари) за оние кои потпишуваат договори со Министерството за одбрана да се борат во Украина најмалку една година, почнувајќи од 1 декември.
Законот се однесува на сите потенцијални регрути кои против нив биле отворени постапки за наплата на долгови пред 1 декември. Максималното простување на долгот е неколку пати повеќе од просечната годишна плата во руските провинции.
Валериј Залужниј, поранешен врховен командант на украинските вооружени сили, во интервју објавено на 23 ноември рече дека новите технолошки достигнувања ќе спречат „сериозен пробив“ на фронтот.
Украина и Русија забрзано развиваат извидувачки и ударни беспилотни летала, како и оружје за електронско војување. Технолошкиот напредок ѝ помогна на Украина делумно да го компензира недостатокот на војска.
Во интервјуто, Залужниј рече дека Русија ќе се бори да ја прошири линијата на фронтот и да се пробие затоа што ќе бара огромни ресурси „кои Русите повеќе ги немаат“.