Македонски автобус се излизгал на автопатот Белград-Ниш

Автобус од Северна Македонија удри во банкина на автопатот кај Појате, во Србија.

Македонски автобус се излизга и удри во банкина на автопатот кај Појате, во Србија, што е меѓу повеќето сообраќајни несреќи на патиштата кои се случија поради невремето што ја зафати земјата.

Дел српски медиуми објавуваат дека нема повредени патници, а дека но дека има значителна материјална штета.

Исто така во извештаите се вели дека надлежните служби интервенирале на местото каде што се случила несреќата што не предизвикала поголем застој во сообраќајот.

Видете и ова: Откриени автобуси и возила кои вршеле меѓународен превоз без соодветни документи

Како што јавува МИА од Белград, српското МВР засега не соопштува ништо за оваа сообраќајна несреќа.

Вчера се случи сообраќајна несреќа и на автопатот Ниш-Пирот кај тунелот Банчарево. Во судирот учествуваа камион и автомобил.

Обилните врнежи од снег предизвикаа колапс и на автопатот Милош Велики.

Состојбата на патиштата беше критична низ Србија поради снегот којшто не престануваше да врне.