Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп размислува да го избере Ричард Гренел, поранешен шеф на разузнавањето, за специјален пратеник за војната во Украина иницирана од Русија, потврдија извори блиски до Трамп.
Гренел, кој за време на претседателствувањето на Трамп од 2017 до 2021 година беше амбасадор во Германија и специјален пратеник за преговорите меѓу Србија и Косово и вршител на должноста директор на националното разузнавање, ќе одигра клучна улога во напорите на Трамп да ја запре војната во Украина, доколку тој биде избран, пишува Ројтерс.
Иако во моментов нема специјален пратеник посветен само на решавање на руско-украинскиот конфликт, Трамп размислува за тоа, велат изворите.
Видете и ова: Трамп ја номинираше Пем Бонди за јавна обвинителкаГренел се залагаше за создавање „автономни зони“ како средство за решавање конфликти. Тој исто така рече дека нема да биде за влез на Украина во НАТО во блиска иднина.
Доналд Трамп, кој ќе го преземе претседателството на 20 јануари, ја критикуваше силната поддршка на поранешниот претседател Џо Бајден за Киев и рече дека ќе бара што поскоро ставање крај на руската војна во Украина.
Каролин Левит, привремената портпаролка на Трамп, не го потврди назначувањето и рече дека новоизбраниот претседател јавно ќе ги соопшти своите одлуки.
Трамп веќе јавно ги објави имињата на некои луѓе за клучните позиции во неговата администрација, а меѓу нив е и Марко Рубио, кого го постави за државен секретар на САД.
Некои од номинациите ќе треба да ги одобри американскиот Сенат, со кој на следната седница ќе претседаваат републиканците на Трамп.