Рускиот претседател Владимир Путин најави дека новата балистичка ракета со среден дострел, која може да носи нуклеарна боева глава, ќе продолжи да се тестира, вклучувајќи и во борбени услови како што беше случај претходно оваа недела при напад врз Украина.
„Ќе продолжиме со овие тестови, вклучително и во борбени услови, во зависност од ситуацијата и природата на безбедносните закани што се создаваат за Русија“, рече Путин на 22 ноември на состанокот со претставници на Министерството за одбрана и на воено-индустрискиот комплекс.
Русија ја употреби таканаречената хиперсонична ракета „Орешник“ против Украина на 21 ноември во напад насочен кон градот Днепар.
Путин тогаш рече дека тоа е дел од одговорот на Москва на украинските напади со ракетите ATACMS, испорачувани од САД, и ракетите „Storm Shadow“, кои ги испорачуваат Британците, кои следуваа по информациите дека овие две земји му дале дозвола на Киев да ги користи овие системи за да погоди цели на руска територија.
Видете и ова: Украинскиот парламент ја откажа седницата поради закана од ракетен нападУкраинските власти првично ја обвинија Русија за лансирање на интерконтинентална балистичка ракета, по што Путин објави дека тоа всушност е новата балистичка ракета со среден дострел.
Во изјавата денеска (22 декември), Путин додаде дека проектилот е нов и не е надградба на претходното вооружување од советската ера.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така, денеска повтори дека тестот е порака до Западот дека Москва ќе одговори остро на сите „непромислени“ потези на западните земји за поддршка на Украина.
„Главната порака е дека непромислените одлуки и дејствија на западните земји кои произведуваат ракети, ги испорачуваат во Украина и потоа учествуваат во напади на руска територија, не можат да поминат без реакција од руската страна“, изјави Песков.
Украинската воена разузнавачка служба во соопшти дека Русија може да има до 10 единици од новата ракета што веќе ја лансираше.