Две лица загинаа, а 12 се ранети во руските напади врз Суми рано утрината на 22 ноември, објави Артем Кобзар, градоначалник на градот во североисточна Украина во видео изјава на каналот Телеграм.
„Во Суми се слушнаа неколку силни експлозии“, вели тој на видеото, додавајќи дека на местото на експлозиите работат спасувачки екипи, полиција и брза помош.
Кобзар ги повика жителите да се засолнат.
Видете и ова: Зеленски до сојузниците: Путин ве тестира, мора силно да одговоритеУкраинското воено воздухопловство соопшти дека во тек се напади со руски беспилотни летала во четири региони - Суми, Киев, Чернихив и Житомир.