Замрзнувањето на конфликтот во Украина не е опција за Русија, изјави денеска (20 ноември) портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков и додаде дека е важно Москва да ги постигне своите цели во конфликтот.
„Претседателот Владимир Путин јасно кажа дека опцијата за замрзнување на конфликтот не е прифатлива за нас. За нас е важно да ги постигнеме нашите цели, кои се добро познати на сите“, рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање за можни преговорите за границата меѓу Русија и Украина.
Видете и ова: Зеленски е за „дипломатски“ крај на војната догодинаМеѓудругото, Песков рече дека Русија е подготвена да ги нормализира односите со Соединетите Држави, но дека „нема да игра танго сама“.
„Русија, како што рече нашиот претседател, е отворена за нормализација. Но, не можеме сами да танцуваме. И нема да го направиме тоа“, рече портпаролот Песков.
Од руската инвазија на Украина поминаа 1000 дена. Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп во кампањата пред изборите на 5 ноември, тврдеше дека ќе стави крај на војната во Украина, но не понуди детали за тоа како ќе го стори тоа.