Судбината на Украина ќе ја одреди судбината на Европската унија (ЕУ), изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел на 1.000-тиот ден на руската инвазија врз Украина.
Борел ова го изјави по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ одржан во Брисел на 19 ноември. Тој додаде дека руската нуклеарна закана е неодговорна.
„Не е првпат тие (Русите) да се закануваат со нуклеарна ескалација, што е целосно неодговорно“, рече Борел, пренесе АФП.
Видете и ова: Русија вели дека Украина користела ATACMS кон воен објект во БрајанскВисокиот претставник на ЕУ пред средбата изјави дека Европејците треба да го следат примерот на САД и да дозволат напади на територијата на Русија со ракети со долг дострел, кои ги испраќаат до украинските сили.
„Се надевам дека сите земји-членки ќе ја следат американската одлука. Убеден сум дека тие (ЕУ) ќе го следат примерот на САД и ќе одобрат Украинците да го употребуваат тоа оружје за борба против Русите внатре во руската територија“, рече Борел кој претседаваше со состанокот, негов последен на крајот од неговиот мандат на чело на европската дипломатија.
Франција им испорача на Украинците ракети земја-воздух од среден дострел „Скалп“, не исклучувајќи ја можноста тие да бидат употребени на руска територија. Франција, меѓутоа, никогаш не потврди дали таквите напади веќе биле извршени, ниту колку проектили биле испорачани на Киев.
Видете и ова: Зеленски во ЕП повика на фер и праведен крај на војната во УкраинаБерлин, пак, досега одбиваше да му достави на Киев ракети Таурус од германско производство, со дострел од 500 километри, поради страв од интензивирање на конфликтот со Русија.
„Ништо не е променето“ во позицијата на Германија, рече министерот за одбрана Борис Писториус на 19 ноември по неговото пристигнување во Брисел.
Борел, кој ја напушта функцијата во декември, ќе биде заменет од поранешната премиерка на Естонија Каја Калас.