Меџити: Гарантираме дека албанскиот јазик ќе напредува во Северна Македонија

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити по денешната меѓувладина седница во Приштина истакна дека во Северна Македонија не постои Закон за албанскиот јазик за да може да се каже дека се укинува.

Потенцира дека во подготовка е посебен закон за соодветна застапеност на Албанците во Северна Македонија.

„Прво, ќе се поврзам со одговорот на премиерот Курти кој рече дека во Македонија не постоел Закон за албанскиот јазик, па сега тој сега се укинува или прекршува. И второ, не се оспорува од Владата на Република Северна Македонија, туку има иницијатива во Уставниот суд каде деветте судии избрани од Владата на СДСМ-ДУИ и проблемот го прават тие судии на Уставен суд со мандат од минатото мнозинство. Гарантираме дека албанскиот јазик ќе напредува исто како што најдовме решение и се формираше експертска група од партнерите во Владата кои работат на балансерот, кој беше само механизам, а сега зема димензии на законско решение или посебен закон за соодветна застапеност на Албанците во Македонија, рече Меџити.

Но новинарско прашање што ќе направат како политичка партија на Албанците доколку Уставниот суд го оспори албанскиот јазик, Меџити нагласи дека Уставниот суд има побарано мислење од Венецијанската комисија и од каде добиле забелешки за три члена од Законот за употреба на јазиците во Република Северна Македонија.

Видете и ова: Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претходно косовскиот премиер Кути рече дека смета дека треба да се почека одлуката на Уставниот суд во Македонија, кој, според него, нема да направи ниту исклучување ниту дискриминација и го почитува повеќејазичниот карактер во земјата.

„Нема ниту имало во минатото употреба на албанскиот јазик во Северна Македонија, туку за јазиците на националностите на 20% од жителите во земјата. Од друга страна верувам дека сите треба да чекаме една правична одлука на Уставниот суд во Македонија, кој нема да направи ниту исклучување, ниту дискриминација, и кој го почитува повеќејазичниот карактер во Македонија кој несомнено постои. Знаете вие во Косово дека Албанци се 93%, четири посто се Срби, а српскиот јазик е службен тука кај нас. Но, во Северна Македонија не може да се каже дека албанскиот јазик е службен јазик, и сега е под закана. Ова не е вистина“, рече Курти.

Меџити посочи дека ги уверува граѓаните и сонародници во Косово и во светот дека нема потреба да се вознемируваат бидејќи, како што рече, правата што се стекнати не може да се деградираат, туку правата ќе се унапредат.

Првиот вицепремиер нагласи дека прават максимални напори да се задржи позицијата и унапредувањето на јазичните и другите права на Албанците.

Инаку неодамна од Уставниот суд информираа дека Законот за употреба на јазиците ќе биде ставен на дневен ред на седница на која ќе присуствуваат сите девет уставни судии, со оглед на значењето и интересот во јавноста.

Законот беше изгласан на 18 јануари 2018 година, и со него беше пропишано дека граѓаните ќе можат до сите органи на централната власт да се обратат и писмено и усно на својот мајчин јазик, а институцијата ќе треба писмено да им одговори на нивниот јазик.

Називите на институциите, другите натписи и патокази во подрачјата каде што најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот, ќе бидат напишани покрај македонски и на јазикот кој го зборува немнозинската етничка заедница.

Сите органи на државната власт ќе имаат двојазични веб страни. Освен на македонски јазик, содржината на веб страните, ќе биде објавувана и на албански јазик.