Дете на 15 годишна возраст е сторител на насилство и за него се бара притвор, објави денеска скопското обвинителство.
Во соопштението се велидека малолетникот во два различни настани прободел со нож свои врсници, првиот пат жртвата добила повреда во надколеницата, а вториот пат била прободена во главата.
„На 25 октомври, детето заедно со други непознати лица, започнале разговор со малолетник, но набрзо потоа без особен повод започнале да го удираат со тврди предмети. Детето во судир со законот извадило нож и ја прободело жртвата во натколеницата.
На 13 ноември, во автобус на ЈСП Скопје, тој, во група со уште три непознати лица, извршил грубо насилство и нанел телесна повреда – убоди со нож во главата на 15-годишник, со што кај останатите патници предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.“, пишува во соопштението од обвинителството.
Видете и ова: Страв им е да пријават дека децата им се натепаниЈавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против дете во судир со законот родено 2009 година за кое постои основано сомнение дека извршило дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител до судијата за деца достави и предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот исвестуваат од обвинителстовото.
Случаи на напади и тепачки, каде учесниците се млади, ги има речиси секојдневно во дневните билтени на МВР.
РСЕ веќе пишуваше дека според дел од анкетите спроведени изминатите години, граѓаните истакнуваат дека сакаат да видат повеќе полиција на терен – низ нивното маало, на местата каде се движат, а често има насилства и тепачки.