На денешната (18 ноември) заедничка седница на двете влади во Приштина, по што следуваше и заедничка прес конференција косовскиот премиер Албин Курти и неговиот македонски колега Христијан Мицкоски ја пофалија соработката и односите меѓу двете земји.
Премиерот на Сверна Македонија Христијан Мицксоки истакна дека дискутирало за важноста на евроатлантските интеграции, заедничката посветеност кон европските вредности и стандарди. Тој рече дека се убедени дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија и НАТО, и дека преку заеднички напори може да се надминет предизвиците.
„Сакам да посочам нешто со кое се согласивме со мојот драг колега. Балканот предолго беше место кое интензивно ги полнеше црните хроники во европската и светската јавност. Предолго регионов потроши време на политички прашања, занемарувајќи ги прашањата од реалниот живот на граѓаните. И граѓаните на Приштина и граѓаните на Скопје или било кои други места од двете држави ги интересира подобар живот, подобар стандард, повисоки критериуми за образование. Да ги потенцираме точките кои нè обединуваат и за кои вреди заеднички да работиме. Време е да ги решаваме економските прашања. Оваа средба е токму од таква природа. Тука сме за подобар живот, кажа Мицкоски.
Видете и ова: Курти за Вашингтонскиот договор: Прво треба да се спроведе договорот од БриселТема на разговор, биле и образованието, културата и младите, со цел како што кажа премиерот Мицкоски, да го поттикнеме меѓусебното разбирање и да изградиме посилни врски помеѓу нашите народи. Според него, инвестирањето во овие области е инвестирање во нашата заедничка иднина. Станало збор и за процесот на евроинтеграциите.
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговата земја нема спор со Северна Македонија и дека имаат континуирана комуникација за теми од заеднички интерес.
„По долго чекање конечно ќе имаме заедничка контрола на точките Хан и Елезит – Блаца и Јажинца – Глобочица. Овој модел на контрола е само влез-влез и полицајците работат во иста зграда, го олеснуваат граничниот премин, а со тоа го скратуваат времето на чекање“, рече Курти.
На средбата меѓу двете влади, Курти напомена дека двете земји досега имаат потпишано 50 договори, но „тоа што сега треба да се направи е нивна имплементација“.
„Добрите односи меѓу нашите две земји се рефлектираат и во континуираниот пораст на трговската размена, која во 2023 година достигна 432 милиони евра, што е извонреден пораст од 52 отсто, во однос на 2019 година, каде што изнесуваше 284 милиони евра“, рече Курти.
Курти рече дека Косово и Северна Македонија досега имаат потпишано 50 договори, но „она што треба да се направи сега е имплементација на договорите“.
Тој најави дека Косово и Северна Македонија ќе потпишат два меморандуми и протокол во областа на енергетиката, образованието и олеснувањето на слободното движење, кои ќе се применуваат од јануари 2025 година.
„Добрите односи меѓу нашите две земји се рефлектираат и во континуираниот пораст на трговската размена, која во 2023 година достигна 432 милиони евра, што е извонреден пораст од 52 отсто, во однос на 2019 година, каде што изнесуваше 284 милиони евра“, рече Курти.
Видете и ова: Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на КосовоМакедонскиот премиер Мицкоски рече дека двете земји имаат заеднички пазар од 17-18 милиони евра и додаде дека на билатералната средба со Курти се договорил оваа соработка да се зголеми на околу 500 милиони евра.
„Ако работиме заедно ќе бидеме посилни, бидејќи единството ги прави соседите уште посилни. Имаме намера комерцијалната соработка да биде уште поголема во наредните години и да ни донесе придобивки. Убеден сум дека ќе успееме“, рече Мицкоски.
Заедничката средба на двете влади доаѓа по посетата на Курти и неговите министри во Скопје летово, неколку месеци по формирањето на владата на Мицкоски.