Најмалку седуммина припадници на пакистанските паравоени сили се убиени, а 13 други се ранети во напад на милитанти на контролен пункт во планинската област Калат на околу 150 километри од Квета, главниот град на југозападната провинција Балучистан, соопшти Али Гул Балоч, заменик полициски комесар во Калат, за Радио Машаал на РСЕ.
Премиерот Шехбаз Шариф го осуди нападот, за кој одговорноста ја презеде сепаратистичката милитантна група Ослободителна војска на Балучистан (БЛА).
Видете и ова: Смртоносна експлозија одекна низ пакистанската железничка станица, над 20 загинатиБЛА со децении водеше бунт против пакистанската држава, вршејќи претежно мали напади против владини сили.