Претседателката Гордана Сиљановска Давкова формираше Совет за млади, како повремено работно тело кое ќе ги разгледува и анализира прашањата поврзани со младите, младинските политики и иницијативите кои произлегуваат од потребите на младите со цел да се унапреди нивната положба во општеството, соопштуваат од нејзиниот кабинет.
Советот се формира во пресрет на 17 ноември, Меѓународниот ден на студентите. Има претседател и 19 члена, а во неговата работа можат да бидат поканети да земат учество и научни и стручни работници, претставници од научни образовни установи, младински и студентски здруженија, како и претставници на организациите на стопанствениците од земјата.
Видете и ова: ДЗР: Поразителни состојби во македонските студентски домовиЗа претседателка е именувана Лина Рангелова, а за членови на советот, претставници од Министерство за образование и наука, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за спорт, координатор на Клуб за младински прашања и политики како и други младински претставници.