Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска (16 ноември) изјави дека би сакал да стави крај на војната со Русија следната година „со дипломатски средства“, пренесе АФП.
„Од наша страна, ние мора да направиме се што можеме за да обезбедиме оваа војна да заврши следната година. Мораме да ја завршиме дипломатски“, рече Зеленски во интервју за украинско радио.
Неговата изјава доаѓа еден ден откако рече дека конфликтот ќе заврши побрзо од очекуваното кога Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата претседател на САД следната година.
Видете и ова: Зеленски: Со нетрпение ја очекуваме ерата на САД под водство на ТрампОд почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, немало никакви преговори меѓу двете земји. Сепак, како што пренесува АФП, претседателството на Трамп покренува прашања за иднината на конфликтот, при што самиот Трамп постојано изјавува дека, по доаѓањето на власт, „брзо ќе ја заврши војната“.
Во последното интервју Зеленски рече дека Украина „мора да разбере што сакаат Русите“.
Осврнувајќи се на Украина, тој рече: „Вие сте во војна со земја која не го цени својот народ, која има многу опрема, на која не и е грижа колку луѓе ќе загинат“.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ќе прифати преговори со Украина само доколку Киев ја предаде украинската територија окупирана од Москва.
Видете и ова: Шолц во телефонски разговор побарал од Путин да се повлече од УкраинаКремљ соопшти дека Путин го повторил тоа барање во телефонскиот разговор со германскиот канцелар, Олаф Шолц, во петокот (15 ноември). Зеленски ги отфрли условите на Путин.
Во меѓувреме, борбите во Украина продолжуваат. Москва постигна напредок во источна Украина од летото, според АФП, приближувајќи се кон клучните точки како Покровск и Курахово. Зеленски, пак, денеска изјави дека руските сили трпат големи загуби и дека акцијата на руската армија е „забавена“ во некои области.