Русија ќе ја прекине испораката на гас за Австрија од сабота, соопшти на 15 ноември австриската нафтена и гасна групација ОМВ. Оваа групација соопшти дека за ова добила известување од Гаспром Експорт, подружница на енергетскиот гигант Газпром контролиран од Кремљ.
Запирањето на испораките се смета за одговор на Русија на арбитражна одлука на Меѓународната стопанска комора, со која австриската групација ОМВ победи во арбитражниот спор и треба да добие 230 милиони евра од Газпром. Претходно оваа недела, ОМВ го потврди своето право да го бара паричниот надомест.
Се очекуваше дека ова најверојатно ќе резултира со „негативно влијание“ врз односите, јавива германската новинска агенција ДПА.
Откако тоа предвидување сега се оствари, австрискиот канцелар Карл Нехамер на 15 ноември изјави дека Австрија нема да дозволи да биде уценувана и дека е обезбедно снабдување со алтернативно гориво.
„Ни еден дом нема да биде ладен“, изјави Нехемер.
Видете и ова: ЕУ е многу помалку зависна од рускиот гас, но сè уште не се откажува од негоСуспензијата значи дека Русија сега ќе испорачува значителни количини гас само на Унгарија и Словачка, што е сосема спротивно на децениската доминација во која таа задоволуваше 40% од потребите за гас на ЕУ пред инвазијата на Москва на Украина во 2022 година, јавува новинската агенција Ројтерс.
Австрија беше првата западноевропска земја што купи руски гас кога СССР потпиша договор за гас во 1968 година, само неколку месеци пред советската инвазија на Чехословачка.
Оваа година, врската ќе заврши по одлуката на Меѓународната стопанска комора за спорот меѓу рускиот Гаспром и австриската ОМВ.
„Газпром“ одби да коментира, јавува Ројтерс.
Австрија е една од ретките европски земји кои сè уште зависат од рускиот гас, бидејќи голем дел од остатокот од континентот го намали увозот по руската инвазија врз Украина.
ОМВ соопшти дека се подготвува за евентуалното прекинување на рускиот гас и дека сè уште може да испорачува гас на своите клиенти со увоз преку Германија, Италија и Холандија.
Известувањето за крајот на испораките за Австрија дојде кога рускиот претседател Владимир Путин и канцеларот Олаф Шолц од Германија, најголемиот руски клиент на гас до моментот кога силите на Москва не ја нападнаа Украина, за прв пат разговараа телефонски по последниот нивни разговор во декември 2022 година.
Еврокомесарот за енергија Кадри Симсон на маргините на конференцијата на ОН за климата во Азербејџан изјави за Ројтерс дека сите земји на ЕУ што добиваат гас преку рутата на Украина имаат пристап до други извори на снабдување кои би можеле да ја пополнат празнината.