Повеќе од десетина повредени руски војници по договор, кои се бореле во Украина, побегнале од воената единица во близина на градот Новосибирск во јужен Сибир, кога им било кажано дека треба да се вратат на бојното поле и покрај нивните повреди, објави каналот База на Телеграм.
Видете и ова: Поранешен севернокорејски војник вели дека трупите „не се подготвени“ за борба против УкраинаКаналот има врски со руските безбедносни служби. Војниците потпишале договори за борба во Украина во замена за прекин на кривичното гонење за различни прекршоци. Полицијата успеала да приведе седуммина од оние кои избегале, но останатите се уште се во бегство, пренесе сервисот на РСЕ, Кјурент тајм.