Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху преку видеопорака им се обрати на Иранците предупредувајќи ги дека трет ирански напад врз Израел ќе ја „парализира нивната економија“.
„Тоа ќе ве лиши од многу повеќе милијарди долари“, рече Нетанјаху говорејќи на англиски јазик.
Тој тврди дека иранскиот балистички ракетен напад врз Израел на 1 октомври го чинел Техеран 2,3 милијарди долари.
Ваквата порака од израелскиот премиер може да се протолкува и како закана дека доколку Иран повторно нападне, Израел ќе се обиде да и нанесе значителна економска штета на оваа земја.
Претходно, Иран се закани дека ќе го нападне Израел откако Израелците на 26 октомври возвратија со воздушни напади врз иранските батерии за противвоздушна одбрана и врз други воени локации.
Видете и ова: Екстремно десничарскиот израелски министер повика на суверенитет на Западниот БрегИзраелскиот лидер рече дека нападот на 1 октомври му нанел „маргинална штета“ на Израел. Тоа беше втор напад на Иран врз Израел, по нападите со беспилотни летала и ракети изведени во април.
„Но, каква штета ви направи вам?“, праша Нетанјаху во видеото, додавајќи дека сумата од милијарди долари потрошена за нападот можела да се искористи во буџетите за транспорт, за образование…
Тој порача и дека животите на Иранците ќе се сменат доколку режимот во нивната земја ги троши пари за образование, инфраструктура и здравство наместо за војни со Израел.
„Знам дека не ја сакате оваа војна. Ни јас не ја сакам оваа војна. Народот на Израел не ја сака. Постои една сила што го става вашето семејство во сериозна опасност: тираните од Техеран. Тоа е тоа“, рече Нетанјаху.
Видете и ова: Израел најави проширување на хуманитарната зона во Појасот ГазаИсто така, тој рече дека иранскиот режим слабее, додека Израел станува се посилен и дека светот видел само мал дел од силата на неговата земја.
„Сепак, постои една работа од која режимот на Хамнеи (врховниот водач) се плаши повеќе од Израел. Знаете ли што е тоа? Тоа сте вие – народот на Иран. Затоа тие трошат толку многу време и пари обидувајќи се да ги уништат вашиот надежи и соништа“, заклучи Нетанјаху.
Гледајќи кон иднината во која, како што најави, ќе има мир меѓу Иран и Израел, премиерот на Израел им порача на Иранците о да не губат надеж и да знаат дека Израел и „другите во слободниот свет“ стојат покрај нив.