Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска (13 ноември) во Белата куќа ќе се сретне со претседателот во заминување Џозеф Бајден, една недела откако тој како републикански кандидат го освои потребниот број електорски гласови за втор претседателски мандат.
Нивната средба, која е закажана за 11:00 часот по локално време се толкува како еден од неформалните чекори во транзицијата на политичката моќ, која Трамп формално ќе ја преземе на 20 јануари 2025 година по церемонија на инаугурација, јави ДПА.
Видете и ова: Трамп ги назначи Маск и Рамасвами да раководат со одделот за владина ефикасностДенешната средба ќе биде една од ретките меѓу Бајден и Трамп. Последен пат тие се сретнаа за време на телевизиските дебати за време на изборната кампања кон крајот на јуни - непосредно пред Бајден да се повлече од претседателската трка.
На 11 септември и двајцата присуствуваа на комеморативен настан во Њујорк, но не зборуваа меѓу себе.