Унгарија останува силен поддржувач на македонските евроинтеграции и во тој контекст Сиљановска Давкова изразила благодарност за поддршката што Унгарија ја дава во повеќе области, вклучувајќи ги европските аспирации на Северна Македонија, како и фактот што прашањето за проширувањето е високо на агендата на тековното унгарско претседателство со Европската Унија.
Ова било констатирано на средбата меѓу Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку.
Видете и ова: Орбан: Aмериканците ќе се откажат од оваа војнаНа средбата се разговарало за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, како на политички, така и на економски план, и за македонските аспирации за членство во Европската Унија.
На средбата претседателката Сиљановска Давкова истакнала дека како држава не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство во ЕУ и изразила надеж за фер процес на пристапување во ЕУ што ќе го почитува дигнитетот на македонските граѓани.