Десетици мртви откако автомобил влета во толпа во Кина

Повредени луѓе на улица по напад со возило пред спортски центар во Жухаи, Кина

Најмалку 35 лица загинаа, а 43 се повредени откако автомобил влета во толпа луѓе кои тренираат на стадионот во Жухаи, Кина, соопштија властите.

Возачот на автомобилот, 62-годишен маж, наводно го возел автомобилот кон спортскиот центар Жухаи, додека локалната полиција го опиша инцидентот како „сериозен напад“.

Кинеските медиуми јавуваат дека меѓу повредените има многу постари лица, но и тинејџери и деца.

Полицијата соопшти дека осомничениот бил уапсен при обид да избега, а моментално е во кома поради самонанесени повреди.

Видете и ова: Германија уапси Американец за шпионирање за Кина

Полицијата соопшти дека првичните истраги сугерираат дека нападот бил извршен поради незадоволството на напаѓачот од расплетот на расчистувањето на имотниот случај, по разводот.

Меѓутоа, бидејќи тој е во кома, властите не можат да го испрашаат.

Кинескиот претседател Си Џинпинг изрази длабока загриженост за инцидентот и им порача на властите да вложат максимални напори за лекување на повредените и повика напаѓачот да биде строго казнет.

Кина доживеа серија насилни јавни напади во последните месеци, пишува АФП.

Маж уби три лица и рани 15 во напад со нож во супермаркет во Шангај во октомври. Во јули, полицијата соопшти дека возило удрило во пешаци во централниот град Чангша, при што загинале осум лица.