На моменти жестоката дебата меѓу власта и опозицијата претходеше на прекинувањето на собраниската седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање. Првично како единствена точка на дневен ред беше ставена Информацијата за незаконското именување на директор на АНБ поднесена од пратеници од опозициската СДСМ.
Пратениците од власта укажаа дека седницата била закажана без да биде запазаен Деловникот и побараа да се дополни дневниот ред со две точки за посета на АР и на АНБ.
„Ве замолувам да ги ставиме точките на дневен ред што сум ги предложил, за што има согласност и од СДСМ, за нивно ставање. Да се произнесеме по првиот предлог, а потоа ќе се произнесеме и по предлогот на колешката Петровска, да не правиме од оваа Комисија театар“,побара пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска побара точките предложени од Ковачки да бидат ставени како втора и трета точка. Според неа, јасна е играта на парламентарното мнозинство да се блокира дебатата за информацијата поднесена од нивна страна, што како што рече зборува за демократскиот капацитет на парламентарното мнозинство.
„Кога зборуваме за надзор над работата на АНБ и на АР, треба да знаеме дека кон секое отворено прашање во јавноста треба да постапиме со ист аршин. Процедурално да одоговорам на колегите, ова не е барање за свикување седница туку иницијатива, насловена Информацијата за незаконското именување на директорот на АНБ, чија цел е сите прашања дебатирани во јавноста да ги дискутираме на отворена седница“, рече Петровска.
Видете и ова: Се отвори „Пандорината кутија“ со сертификатите за англиски јазикПретседателот на Комисијата пратеникот Скендер Реџепи одби да ги стави двете точки за гласање со образложение дека според Деловникот, може но и не мора да ги стави предложените точки на гласање и оти ниту тој ниту заменик претседателот на оваа Комисија немаат безбедносен сертификан, па затоа не можат да бидат дел од тие посети на двете безбедносни институции.
На прес-конференциите што уследија по Комисијата, власта и опозицијата повторно ги соочија неивните ставови околу денешната седница на Комисијата.
Славјанка Петровска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ потврдило дека Бојан Христовски е незаконски именуван за директор на АНБ.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски пак на прес-конференција во Собранието ги потвтори партиските ставови дека како што рече сите заедно бевме сведоци на еден груб обид, несмасен обид од страна на опозицијата на СДСМ и ДУИ и нивните коалициони партнери за грубото кршење на Уставот, законите, процедурите, во овој случај и Деловникот за работа на Собранието.
Видете и ова: Премиерот во одбрана на директорот на АНБ, достави лажни сертификати од директори на СДСМПратениците на СДСМ го оспоруваат именувањето на директорот на АНБ Бојан Христовски. Сметаат дека Владата не ги почитувала одредбите од законот во кој се пропишани условите за избор на директор на АНБ. Според нив, Христовски нема соодветно стекнато образование, лице кое при реформата не го поминало ветингот заради негова претходна инволвираност во незаконски дејствија на УБК. Дополнително, Христовски, како што се наведува, има лажен сертификат за познавање на странски јазик.
Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека директорот на Агенцијата за национална безбедност ги исполнува условите согласно законот. Во изјава за медиумите дадена на 27 октомври премиерот ја повика Антикорупциската комисија во најбрз рок да се произнесе по овој случај по обвинувањата од опозицијата дека Христовски не ги исполнува условите да биде директор на АНБ.