ГЕРБ-СДС (двопартиска политичка коалиција од Бугарија меѓу ГЕРБ и Унијата на демократски сили, предводена од Бојко Борисов) утре (13 ноември) ќе започне разговори за разгледување на заеднички политички активности во рамките на 51-от состав на Парламентот, соопшти прес-центарот на ГЕРБ.
Преговарачкиот тим на победничката политичка партија на изминатите избори ќе го води нејзиниот претседател Бојко Борисов, а во него ќе учествуваат и Раја Назарјан, Томислав Дончев и Росен Желјазков, пренесува БТА.
Првите разговори ќе се одржат во Народното собрание, со почеток од 8:30 часот со „БСП - Обединета левица“, а во 9:30 часот се предвидени разговори со „Има таков народ“.
Видете и ова: Дали последните избори ќе ја извлечат Бугарија од политичкиот ќор-сокак?Вчера, пред почетокот на првото заседание на парламентот, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, предложи формирање четворострана коалиција меѓу водечката политичка сила, „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“, „БСП-Обединета левица“ и „Има таков народ“.
Тој исто така објави дека ќе биде кандидат за премиер и дека нема да отстапи.
Во исто време, Борисов изјави дека новата коалициска влада може да се формира без „ДПС-Нов почеток“, „Сојуз за права и слободи““, „Преродба“ и МЕЧ.