Кровна конструкција на барака гори на улицата „Хо Ши Мин“ во скопската населба Бутел 1, јавува МИА.
Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески во изјава за агенцијата потврди дека сè уште се на терен каде интервенираат 14 пожарникари со четири противпожарни возила.
Причините за пожарот засега не се познати, а допрва треба да се утврди и матерјалната штета.