Прва седница на новиот бугарски парламентарен состав

Парламентот во Софија (илустрација)

Новоизбраниот бугарски парламентарен состав (51. Народно собрание) претпладнево ќе ја одржи првата седница согласно указ од 5 ноември на претседателот Румен Радев, јави БТА.

Првата седница на Националното собрание ќе ја отвори најстариот присутен пратеник - во 51-от парламент, Силви Кирилов од „Има таков народ“ кој има 73 години додека најмладиот е од ГЕРБ-СДС и има 24 години.

Се очекува претставниците на парламентарните сили да дадат изјава за приоритетите и намерите на нивните групи.

Видете и ова: Дали последните избори ќе ја извлечат Бугарија од политичкиот ќор-сокак?

Потоа ќе започне процедурата за избор на претседател со 51. Народно собрание, кој ќе претседава со седницата и ќе одржи говор. На дневен ред е и избор на потпретседатели на парламентот. Бугарскиот Парламент има 240 пратеници.