Холандската полиција синоќа (10 ноември) приведе над 100 пропалестински демонстранти во Амстердам, кои протестираа и покрај тоа што во сила е забрана за протест.
Во центарот на Амстердам демонстрантите скандираа „Слободна Палестина“ и „Амстердам вели не на геноцидот“, алудирајќи на војната во Појасот Газа.
Полицијата почнала да ги приведува демонстрантите откако тие одбиле да го напуштат плоштадот.
Во Амстердам во сила е забрана за протести по минатонеделните судири кои се случија по гостувањето на фудбалскиот клуб Макаби.
Видете и ова: Неколку израелски навивачи повредени во судирите во АмстердамИзраел испрати неколку изнајмени авиони во Амстердам за да ги вратат израелските фудбалски навивачи откако беа нападнати по натпреварот на 7 ноември од, како што рече градоначалничката на Амстердам Фемке Халсема, „антисемитски одреди“.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху ги нарече инцидентите „антисемитски напади“, откако во соопштние од неговиот Кабинет беше посочено дека израелските авиокомпании „Ел Ал“ и „Израир“ бесплатно ќе донесат дома навивачите.