Либанското Министерство за здравство соопшти дека во израелски напад на 10 ноември загинале 20 лица, меѓу кои три деца во селото Алмат, северно од главниот град Бејрут.
„Во нападот на израелскиот непријател врз Алмат во областа Џбеил загинаа 20 лица, меѓу кои три деца, а шест беа повредени, според ажурираниот биланс“, се вели во соопштението на Министерството.
Претходно на 10 ноември, либанската државна новинска агенција објави дека израелски воздушен напад бил насочен кон куќа во Аламат, што резултирало со голем број на жртви.
Видете и ова: Најмалку 17 луѓе загинале при израелски напади врз ГазаНа друго место во Либан, израелски воздушен напад беше насочен кон здравствен центар во јужниот град Адлун, при што загинаа тројца болничари, соопшти Министерството за здравство.
Израелската војска соопшти дека нејзините воздушни сили во последните денови целеле и елиминирале десетици борци на Хезболах, организација која САД ја сметаат за терористичка група, иако ЕУ го стави на црната листа само вооружено крило на Хезболах, не и политичката партија.