Русија го продолжи притисокот врз градовите во Украина рано на 8 ноември, погодувајќи го јужниот регион Одеса и Харкив, вториот по големина град во земјата.
Најмалку едно лице загина, а најмалку 38 други, меѓу кои и едно бебе, се ранети, според регионалните власти.
„Во масовниот напад со беспилотни летала во текот на ноќта врз Одеса едно лице загина, а девет други се ранети“, соопшти Украинската служба за вонредни ситуации, додавајќи дека биле оштетени и станбени згради, деловни објекти, магацини и училиште.
„Харкив беше погоден втор ден по ред на 8 ноември“, објави градоначалникот Ихор Терехов.
Видете и ова: Русија изврши нови напади врз Украина, расте бројот на жртви во ЗапорожјеРуски проектил погоди висококатница во градскиот кварт Салтив, при што беа повредени најмалку 25 лица, меѓу кои и едно 3-месечно бебе, рече Терехов.
Тој додаде дека биле оштетени и станбени згради и историски објекти.
Во регионот на Киев, при паѓање на остатоци од руска ракета повредени се четири лица, од кои две потешко, изјави регионалниот гувернер Руслан Кравченко.