Премиерот Христијан Мицкоски вели дека „продуктивна средба“ со претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска (7 ноември) во Будимпешта, на која разговарале за евроинтеграциите на Северна Македонија.
Средбата била одржана на маргините на самитот на Европската политичка заедница, чиј домаќин е Унгарија.
„Отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија. Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива. Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме државните и националните интереси“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи по средбата со Макрон.
Во делегацијата со премиерот во Будимпешта се и министрите за надворешни работи и надворешна трговија и за европски прашања, Тимчо Муцунски и Орхан Муртезани.
Како што беше најавено од владината прес-служба, Мицкоски на самитот учествува и со обраќање на сесијата посветена на темата економска сигурност и меѓусебно поврзување.
Видете и ова: Зеленски од Будимпешта: Попуштање пред Путин ќе биде самоубиствено за ЕвропаЕвропската политичка заедница беше основана во 2022 година како меѓувладин форум за политичка и стратешка дискусија за иднината на Европа.
Првиот самит се одржа во октомври 2022 во Прага со учесници од 44 држави, како и претставници од Европскиот совет и Европската комисија.