Белорускиот авторитарен лидер Алаксандр Лукашенко помилува 31 лице, сите осудени според законот за „екстремизам“ во Белорусија.
Како што соопшти прес-службата на претседателот, од помилуваните две се жени, а 29 мажи. Исто така, 17 од нив имаат хронични заболувања, тројца се инвалиди, а 27 имаат деца.
Иако тие ќе бидат ослободени, нивните криминални досиеја нема да бидат избришани и, како што беше наведено, Министерството за внатрешни работи „ќе обезбеди контрола над нивното однесување“.
Оваа година, Лукашенко помилува 115 политички затвореници. Денешниот е пети бран помилување во последните месеци.
Видете и ова: Уште еден новинар е уапсен во БелорусијаИ покрај тоа, Белорусија останува дом на значителен број политички затвореници. Приближно 1.287 политички затвореници остануваат зад решетки, според Центарот за „Вјасна“.
Политичката клима во Белорусија останува тензична, а борците на човековите права пријавија масовни притворања низ целата земја по најавата за следните претседателски избори што ќе се одржат на 26 јануари 2025 година.
Од задушувањето на протестите кои следуваа по спорните претседателски избори во 2020 година, активистите за човекови права регистрираа 3.600 лица како политички затвореници.