По забелешките на Европската комисија во извештајот за Северна Македонија за Кривичниот законик, премиерот Христијан Мицкоски вели дека тој ќе биде опфатен со реформите во правосудниот систем, но дека „тоа не го решава проблемот со „криминалците“ од изминатите седум години“.
Во однос на Кривичниот законик и тргањето на спорните членови, премиерот вели дека политичките криминалци го направиле за себе за да се заштитат.
Видете и ова: Извештај со 120 препораки за европскиот пат на Северна Македонија„Сега најригорозен, гиљотина да донесеме тие ќе се повикаат на овој што ќе ги амнестира, бидејќи тие однесоа стотици милиони ваши пари, народни пари“, рече Мицкоски.
Премиерот вели дека криминалците не успеале за се да се амнестираат, најавувајќи дека деновиве јавноста ќе слушне.
„Политичките криминалци во изминативе години ги заробија институциите, а во меѓувреме купуваа трговски центри и дуќани во центарот на главниот град, ја распродаваа државата и правеа грешки. Ние такви грешки нема да правиме, и ние кога ќе седнеме на маса ќе преговараме до крајно решение, не само еден чакор да направиме. Не сакаме вас граѓаните да ве држиме како заложници“, рече Мицкоски.
Во извештајот за напредокот на Северна Македонија, Европската комисија оценува дека измените на Кривичниот законик од септември 2023 година „ја ослабнаа правната рамка негативно влијаејќи на гонењето на корупцијата, порачувајќи дека земјава во следната година треба да донесе нов Кривичен законик во согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди“.
Според ЕК, земјава во наредната година треба да донесе нов Кривичен законик во согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди.