Судот во централниот грузиски град Гори на 6 ноември ја отфрли петицијата на набљудувачите на изборите со која се бара поништување на резултатите во неколку изборни единици во градот каде што биле забележани прекршувања на доверливоста на гласовите за време на парламентарните избори на 26 октомври.
Опозицијата, која одби да го признае резултатот, организираше големи протести во Тбилиси откако партијата Грузиски сон (блиска до Москва), која беше на власт во изминатите 12 години, победи со 54 отсто од гласовите и покрај наводите за изборна измама.
Проевропската претседателка на Грузија, Саломе Зурабишвили, исто така, одби да ја признае валидноста на резултатите, обвинувајќи за масовна измама и руско мешање.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Коалицијата на мониторинг организации позната како „Мојот глас“ соопшти дека нејзините набљудувачи од 1131 изборна единица изјавиле дека има повеќе од 900 случаи на прекршување на изборните процедури.
„Мојот глас“ поднесе претставка до судот во Гори против Централната изборна комисија (ЦСК) со која се бара поништување на резултатите во 14 градски единици каде што биле документирани прекршоци.
Но, претседавачкиот судија Нино Гогатишвили одби да ја прифати петицијата по пет часа сослушувања, поради што претставниците на „Мојот глас“ изјавија дека ќе се жалат на одлуката во Апелациониот суд.
Видете и ова: Нов протест на грузиската опозиција пред Апелациониот судНа 5 ноември, опозицијата организираше трет ден протести со стотици луѓе кои се собраа пред Апелациониот суд, кој треба да преиспита две пресуди - таа во Гори и другата во градот Тетрицкаро во врска со нерегуларностите за време на гласањето на 26 октомври.
Демонстрантите потоа маршираа низ главниот град на Грузија, каде сообраќајот запре во делови од градот.
Во Тетрицкаро, судијата Владимир Кучуа пресуди во корист на приговорот поднесен од граѓанската група наречена Здружение на млади правници, одлучувајќи да го поништи резултатот на 30 избирачки места врз основа на доказите презентирани од групата.
Централната изборна комисија ја оспори неговата одлука, прогласувајќи ја за неоснована, што ја натера опозицијата за возврат да ја оспори одлуката на комисијата пред Апелациониот суд.
Кучуа беше поздравен од опозицијата како редок и храбар судија кој се спротистави на владејачката партија.
Десетици луѓе се собраа пред зградата на Апелациониот суд во Тбилиси напладне на 6 ноември пред расправата за случаите. Но, на претставниците на опозициските партии не беше дозволено да влезе во зградата, на што реагираше и претседателката Зурабишвили.