Израелската полиција уапсила неколкумина учесници на синоќешните протести во Ерусалим и Хаифа поради одлуката на израелскиот премир Бенјамин Нетанјаху да го смени министерот за одбрана Јоав Галант.
„Тројца демонстранти се приведени во Ерусалим поради напад на полицијата и пробивање на бариерите во близина на улицата Аза каде демонстрантите се собраа пред резиденцијата на Нетанјаху, се вели во соопштението на полицијата“, пишува израелскиот весник „Тајмс оф Израел“.
Потврдено е дека автопатот 1 кон главниот град, кој демонстрантите го блокираа со камења, повторно е пуштен за сообраќај.
Полицијата во Хаифа соопшти дека две лица биле уапсени, меѓу кои и еден демонстрант осомничен за намерно подметнување пожар на автопатот.
„Некои од демонстрантите се судрија со полицијата, а во одреден момент почнаа да се движат кон автопатот за да го попречат сообраќајот“, се вели во соопштението на полицијата во Хаифа.
Видете и ова: Нетанјаху: Договорот за прекин на огнот со Хезболах мора да гарантира безбедност на ИзраелВо Тел Авив полицијата ги засолни демонстрантите додека тие протестираа против одлуката на премиерот на автопатот Ајалон, кој беше блокиран неколку часа.
Нетанјаху вчера (5 ноември) потврди дека Галант е разрешен, и дека него ќе го замени министерот за надворешни работи, Израел Кац.
Иако, според Нетанјаху, постоела „продуктивна соработка“ во првите месеци од војната, „последниве месеци се појавија значителни разлики во стратегијата меѓу него и Галант“.
Премиерот на Израел изјави дека „Галант донел одлуки и давал изјави кои се спротивставуваат на одлуките на владата“.