Со победите во Западна Вирџинија и Охајо, републиканската партија ја освои контролата над американскиот Сенат, јавува Ројтерс.
Покрај на претседателски, дел од гласачите ширум САД гласаат и за избор на нови членови на Конгресот, за гувернери, за составите на локалните парламенти и совети, а во некои сојузни држави се одржуваат и референдуми за одредени прашања, како што е правото на абортус.
Победата во трката за Сенатот значи дека републиканците ќе контролираат барем еден дом од американскиот Конгрес во наредниот период.
За Претставничкиот дом, кој во моментов исто така е под контрола на републиканците, пак, сè уште нема јасна слика која партија е во предност.
Видете и ова: Трамп победил во Северна Каролина, според проекцииДоколку Доналд Трамп победи на изборите, контролата врз Сенатот значи дека тој ќе може да обезбеди поддршка за важни прашања, како што е назначувањето на конзервативни судии и други функционери во идната администрација на САД.
Доколку победи демократската кандидатка Камала Харис, пак, Сенатот кој ќе биде со републиканско мнозинство ќе може да блокира голем дел од нејзината агенда.