Трамп победил во Северна Каролина, според проекции

Доналд Трамп, републикански кандидат за претседател на САД.

Републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп, победи во Северна Каролина, според проекциите на новинските агенции Ројтерс и Асошиејтед прес.

Северна Каролина е првата од седумте сојузни држави кои се сметаат за одлучувачки за исходот од претседателските избори во САД.

Таа носи 16 електроски гласови.

Трамп ја однесе победата во Северна Каролина и на изборите во 2016, кога ја победи Хилари Клинтон, но и во 2020 кога изгуби од Џо Бајден.

Видете и ова: Гласачките места во „одлучувачките држави“ се затворени, пристигаат првични проекции

Од 1992 година, демократите успеале да победат во оваа сојузна држава само во 2008 година кога победи Барак Обама.

Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Аризона, Невада и Џорџија се останатите шест држави кои се сметаат за „одлучувачки“, но резултати оттаму сè уште се очекуваат.