Нови 50 милиони евра кредит од Европската инвестициска банка кои биле обезбедени, но не и искористени, ќе им бидат на располагање на општините, најави првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити.
Тој рече дека во петок, на 8 ноември, сите 80 градоначалници се поканети на средба со премиерот на која ќе бидат информирани за средствата.
Видете и ова: Општините потпишаа договори за парите од унгарскиот кредит, четири извисијаМеџити рече дека станува збор за пари добиени во времето на претходната власт, но досега не се реализирани, а се наменети за еколошки проекти, за хортикултурно разубавување на општините и за подземна инфраструктура - канализации, водоводи...
„Кредитот од Европката инвестициска банка е порано добиен, но откако дојдовме имаше нула реализација. Парите се веќе добиени, плаќаме и камата, но не се искористени“, рече Меџити во телевизиско гостување.
Со општините кои поминаа на огласот за доделување на државна помош за капитални инвестиции од парите од унгарскиот кредит беа потпишани 274 проекти за вкупно 4,1 милијарда денари. Договорите се однесуваат за реализација на проекти во делот на образованието, транспортот, социјалната политика, културата и туризмот, животната средина и во спортот