Гласав на претседателските избори во Соединетите Држави и како и сите вас очекувам да видам кој ќе победи, што значи дека заедно ќе продолжиме да следиме што ќе се случи, изјави денеска (5 ноември) американската амбасадорка во Скопје, Анџела Агелер.
„Како амбасадор во Македонија мојата порака е дека е од витална важност секој граѓанин да излезе да гласа. Гласањето во демократијата е света одговорност и огромна привилегија. Јас гласав. Се надевам и очекувам дека ќе има мирна и фер транзиција на власта. Тоа е она што го очекуваме сите и се надеваме дека така и ќе биде“, рече Агелер во изјава за медиумите за коментар за нејзините очекувања од денешните претседателски избори во САД.
Видете и ова: Американците гласаат на избори што ќе влијаат на војните во Украина и Блискиот ИстокТаа одби да ја коментира изјавата што неодамна ја даде Стејт департментот дека е можно САД да биде медијатор во преговорите на Северна Македонија со Бугарија за продолжување на европската агенда, откако ќе се формира новата бугарска Влада.