Шпанските власти го прекинаа железничкиот сообраќај во Барселона поради невремето со силен дожд, што претходно предизвика поплави во Валенсија, во кои досега загинаа повеќе од 200 луѓе.
Министерот за транспорт Оскар Пуенте изјави дека ги суспендирал сите патнички возови во североисточна Каталонија на барање на службениците за цивилна заштита.
Тој рече дека контролорите на летање морале да пренасочат 15 летови закажани на аеродромот во Барселона. Неколку автопати беа затворени поради поплавите.
Мадрид ќе распореди уште 7500 војници во источниот дел на земјата погоден од поплавите.
Видете и ова: Гневни граѓани фрлаа кал кон шпанскиот крал во поплавената ВаленсијаМинистерката за одбрана Маргарита Роблс рече дека околу 5000 војници биле испратени во текот на викендот за да помогнат во дистрибуцијата на храна и вода за пиење, чистење на улиците и заштита на зградите од ограбувачите.
Воен брод со 104 маринци и камиони со храна и вода се упатиле кон пристаништето Валенсија.
Видете и ова: Бројот на загинати во поплавите во Шпанија се искачи на најмалку 158Спасувачките тимови сè уште трагаат по телата на исчезнатите во подземните гаражи, вклучително и на паркинг со 5000 возила во трговски центар во близина на аеродромот во Валенсија.
Многу жртви се регистрирани во Валенсија, а повеќе од 60 во предградието Паипорт.