Иран и Азербејџан одржуваат заеднички воени вежби

илустрација

Иран и Азербејџан, двете соседни земји со затегнати односи во последните години, денеска (4 ноември) одржуваат заеднички поморски вежби во Каспиското Море, објавија иранските државни медиуми.

Таа „комбинирана вежба за помош и спасување во Каспиското Море“ ќе биде завршена утре, а ја организира иранската морнарица, пренесе агенцијата ИРНА.

Вежбите се одржуваат во Бандар Анзали, град кој се наоѓа на северозападот на Иран. Два брода на азербејџанската морнарица ќе му се придружат на иранскиот разурнувач Дејламан, додаде Ирна.

Односите меѓу двете земји се влошија во јануари 2023 година кога вооружен маж упадна во амбасадата на Азербејџан во Техеран, убивајќи еден дипломат и рани двајца чувари.

Како одмазда, Баку прогласи четворица вработени во иранската амбасада во Азербејџан за персона нон грата во април 2023 година.

Видете и ова: Заеднички воени вежби на Кина, Русија и Иран

Еден месец подоцна, Иран протера четворица азербејџански дипломати.

Инаку односите меѓу двете земји традиционално се тензични.

Азербејџан, поранешна советска република, е близок сојузник на Турција, историскиот ривал на Иран, но и на Израел, заколнатиот непријател на Иран.

Израел е главниот снабдувач на оружје за Азербејџан.

Аналитичарите сметаат дека територијата на Азербејџан може да се искористи за можна израелска офанзива против Иран, што Баку го негираше.