Остатоци од уништените руски беспилотни летала предизвикаа пожари во парк во Киев, објави во понеделник (4 ноември) Виталиј Кличко, градоначалник на главниот град на Украина, пишува Ројтерс.
„Испратени се тимови за итни случаи“, рече Кличко на апликацијата за пораки Телеграм.
Остатоците од дронот предизвикале пожар во паркот Муромец во областа Деснијанск во североисточниот дел на Киев и запалиле дел од тревникот на насипот на реката Днепар спроти паркот.
Засега нема информации за евентуални повредени лица.
Видете и ова: Во напад со руски дронови повредени две лица во Киев, пет во СумиНападите уследија по руските напади во неделата во кои беа оштетени згради и далноводи во Киев. Неколку лица беа повредени во рускиот бомбашки напад во неделата вечер врз североисточниот град Харкив.
Од Москва засега нема коментар за нападите.
Од август, Русија ги интензивираше своите напади врз Украина во, како што велат официјални лица во Киев, обид на Москва да ја уништи критичната инфраструктура потребна за затоплување во зимскиот период.