Германската шефица на дипломатијата Бербок пристигна во Киев

Аналена Баербок, министерка за надворешни работи на Германија

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска (4 ноември) пристигна во Киев во знак на поддршка за Украина, во посета која претходно не беше најавена поради безбедносни причини.

Германската министерка ја увери Украина за континуирана поддршка во пресрет на претстојната трета зима на војна и тековните руски напади врз инфраструктурата.

„Германија, заедно со многу партнери ширум светот, цврсто стои на страната на Украина. Ќе ги поддржуваме Украинците се додека им требаме за да можат да го следат нивниот пат кон праведен мир“, рече Бербок.

Видете и ова: Германија ќе и додели дополнителни 100 милиони евра помош на Украина

Министерката утрово со специјален воз пристигна во главниот град на Украина.

Тоа е осмо патување на Бербок во Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.