Неколку стотици луѓе се собраа пред Министерството за градежништво во Белград во знак на протест поради несреќата во Нови Сад во која животот го загубија 14 лица, а три лица беа тешко повредени при уривање на бетонската настрешница на железничката станица.
Насобраните граѓани бараат оставка од ресорниот министер Горан Весиќ и ги повикуваат надлежните органи на одговорност за несреќата.
Видете и ова: Дачиќ: Тројцата повредени во несреќа во Нови Сад се во тешка состојбаСобирот го обезбедува полицијата која ги спречува учесниците да се приближат до зградите на државните институции.
Дел од учесниците на протестот ги обоија рацете со црвена боја, сакајќи симболично да им порачаат на властите дека „рацете им се крвави“.
Граѓаните и активистите носат транспарент со пораки „Злосторство, а не трагедија“ , „Апсолутна власт, апсолутна одговорност“, „Корупцијата убива“...
Тие скандираа и пароли како „предавство“ и „оставка“.
Видете и ова: Македонскиот научник Васко Саздовски е меѓу загинатите во Нови СадПротестот започна на плоштадот Сава пред старата железничка станица во Белград со едноминутно молчење за жртвите во Нови Сад и читање на имињата на 14 лица кои загинаа при уривање на настрешницата.
Насобраните потоа се упатија кон зградата на Министерството за градежништво, а оттаму кон Владата на Србија во центарот на Белград.
Таму, откако беше ослободен од полицијата, се обрати активистот Никола Ристиќ.
Тој беше приведен на 3 ноември, непосредно пред протестот.
„Ми рекоа дека мојата објава на Инстаграм, во која повикав на протест, има елементи на повикување на уривање на уставниот поредок и го чекавме мислењето на обвинителството“, изјави Ристиќ пред новинарите по доаѓањето на протестот.
Тој рече и дека „фокусот не треба да биде на него, туку на причините за протестот“.
Сè уште не се познати причините за уривањето на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека во саботата на 2 ноември сослушале 26 лица во врска со несреќата на железничката станица.
Меѓу сослушаните, според информациите од Обвинителството, е и министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ.