Трите лица, кои беа повредени при уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, сè уште се во тешка состојба, изјави на 3 ноември српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Во гостувањето на РТС, Дачиќ рече дека последиците од несреќата биле такви бидејќи бетонската настрешница била исклучително тешка.
Во несреќата што се случи на 1 ноември загинаа 14 лица, а причината за падот на настрешницата сè уште не е позната.
Видете и ова: Македонскиот научник Васко Саздовски е меѓу загинатите во Нови СадМинистерот за внатрешни работи на Србија посочи дека во текот на денот ќе бидат сослушани уште пет лица, а на 2 ноември во просториите на полициската управа во Нови Сад биле сослушани 26 лица за да се утврдат причините и одговорноста за тоа што се случило.
Меѓу нив, рече, има и вработени во Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на чело со министерот Горан Весиќ.
Како што рече, сослушани се и директорот на Заводот за заштита на спомениците на културата од Нови Сад, седум лица заедно со генералниот директор на српски Железници, Горан Аџиќ, како и седум лица од Инфраструктура на Србија, меѓу кои и генералната директорка Јелена Танасковиќ.
Според зборовите на Дачиќ, биле сослушани и лицата кои се директно одговорни за работите поврзани со реконструкцијата – директори, изведувачите, проектантот.
Тој рече и дека се чека на наодите на вештаците и оти зависно од тоа што ќе покажат вештачењата ќе се преземат сите понатамошни дејствија.
Видете и ова: Собир на граѓани во Нови Сад по трагедијата на железничката станицаВишото јавно обвинителство во Нови Сад на 2 ноември, еден ден по уривањето на настрешницата пред главната железничка станица во тој град, соопшти дека најмалку дваесет лица ќе бидат сослушани за да се утврдат „сите суштински елементи на кривичното дела и кривична одговорност“.
Коментирајќи ги наводите од Заводот за заштита на спомениците во Нови Сад дека не е точно дека не дале согласност за реконструкција на настрешницата, Дачиќ рече дека изведувачите кои ја вршат работат се обраќа до одредени институции, меѓу кои и до Заводот од каде, според Дачиќ, изјавиле дека треба да направат само две работи.
„Значи тие (Завод) не рекоа дека не треба да се врши реконструкција, но не го ни препорачаа тоа. Проектантите го направиле тоа што го напишале тие“, рече Дачиќ.
Заводот за заштита на спомениците на културата „Нови Сад“ претходно соопшти дека е „апсолутна невистина“ оти Заводот не издал одобрение и дозвола за поправка на настрешницата.
Во соопштението од 2 ноември нагласуваат дека не е нивна надлежност да даваат мислења и да ги кажуваат условите поврзани со обезбедување на безбедноста на објектот.
Зградата на главната железничка станица во Нови Сад беше отворена во јули 2024 година по тригодишна реконструкција.
Српската железница на денот на несреќата, 1 ноември, соопшти дека настрешницата што паднала „не била предмет на реконструкција како дел од работите на реновирање на зградата“ што било во рамки на градежниот проект за брзата пруга Нови Сад – Суботица.
Како што наведоа во соопштението, во рамки на реконструкцијата се работело на внатрешноста на станицата, покривот и фасадата над и под настрешницата.
Сепак, експерти велат дека дел од реконструкцијата била и настрешницата.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Градоначалникот на Нови Сад на 2 ноември за медиумите посочи дека „ресорното министерство соопштило оти настрешницата не е реконструирана“, и дека тој верува во институциите.
На новинарско прашање дали ресорниот министер треба да поднесе оставка поради трагедијата што се случи, тој рече дека прво треба да се утврди што се случило, а потоа да се зборува за одговорност на луѓето.
Тој рече дека истрагата била спроведена во текот на денот на 2 ноември, а потоа е започнато вештачењето.