Русија и Украина ги продолжија меѓусебните напади со беспилотни летала, потврдија официјални лица на 3 ноември.
Руски дронови синоќа оштетиле згради и далноводи во главниот град на Украина, Киев.
Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана објави дека Киев испратил речиси 20 беспилотни летала кон цели во јужна Русија, но тврди дека сите биле пресретнати и соборени.
Видете и ова: Зеленски ги критикува партнерите за слаб одговор на севернокорејските трупи во РусијаНападот доаѓа додека руските сили го забрзуваат напредувањето на бојното поле, потиснувајќи ја украинската одбрана во источниот регион Донбас.
Киев и околните области беа под тревога за воздушен напад во поголемиот дел од изминатата ноќ, а украинските власти соопштија дека нема повредени.
Руските власти не објавија информации за жртви и штети на теренот.