Повеќе од илјада граѓани се собраа во Нови Сад ден по трагедијата во која загинаа 14 лица, а тројца беа повредени при уривање на настрешницата на зградата на Железничката станица.
Толпата народ ја блокираше раскрсницата кај железничката станица - граѓаните палеа свеќи, носеа играчки и цвеќиња.
Дел од нив држеа листови хартија со имињата на жртвите.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад на 2 ноември, еден ден по уривањето на настрешницата, соопшти дека најмалку 20 лица ќе бидат сослушани за да се утврдат „сите суштински елементи на кривичното дела и кривична одговорност“.
Според соопштението на Вишото обвинителство, меѓу другите, ќе бидат сослушани претставници од Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, надлежниот министер Горан Весиќ, претставници од Железници Србија и Заводот за заштита на спомениците на културата на градот Нови Сад, како и други лица.
Видете и ова: Македонскиот научник Васко Саздовски е меѓу загинатите во Нови СадИдентификувани се сите жртви меѓу кои и македонскиот државјанин Васко Саздовски, кој работел како научник во Нови Сад.
Спасувачките екипи во петокот во текот на целиот ден извлекуваа жртви од под урнатините. Зградата на главната железничка станица во Нови Сад беше отворена во јули 2024 година по тригодишна реконструкција.
Во Србија денеска е Ден на жалост, додека во Нови Сад е прогласена тридневна жалост. Знамињата на официјалните институции се спуштени на половина копје.
Што рекоа властите?
Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ за РТС изјави дека во тек е увид за утврдување на причините за падот на настрешницата.
„И ќе се утврди зошто настрешницата не била дел од планот за реконструкција и кој утврдил дека не е потребна за реконструкција“, изјави Весиќ на 2 ноември, ден по несреќата.
Според него, во проектот за реконструкција биле вклучени Сообраќајниот институт ЦИП, кој го реализирал проектот, Железничката инфраструктура на Србија, која е одговорна за станицата, и кинеските компании, кои биле изведувачи.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Српската железница соопшти дека настрешницата што паднала „не била предмет на реконструкција како дел од работите на реновирање на зградата“ што било во рамки на градежниот проект за брзата пруга Нови Сад – Суботица.
Како што наведоа во соопштението, во рамки на реконструкцијата се работело на внатрешноста на станицата, покривот и фасадата над и под настрешницата.
Сепак, експерти велат дека дел од реконструкцијата била и настрешницата.
Градоначалникот на Нови Сад на 2 ноември за медиумите посочи дека „ресорното министерство соопштило оти настрешницата не е реконструирана“, и дека тој верува во институциите.
Видете и ова: Што досега се знае за несреќата во Нови Сад?На новинарско прашање дали ресорниот министер треба да поднесе оставка поради трагедијата што се случи, тој рече дека прво треба да се утврди што се случило, а потоа да се зборува за одговорност на луѓето.
Тој рече дека истрагата била спроведена во текот на денот на 2 ноември, а потоа е започнато вештачењето.