Во најсмртоносните поплави во модерната историја на Шпанија загинаа најмалку 211 луѓе, а десетици сè уште се водат како исчезнати, четири дена откако поројните дождови го зафатија источниот регион на Валенсија, изјави во саботата шпанскиот премиер Педро Санчез.
Во телевизиска изјава, Санчез рече дека Владата испраќа уште 5.000 армиски трупи да помогнат во расчистувањето и обновувањето откако претходно веќе беа распоредени 2.500 војници.
„Тоа е најголемата операција на вооружените сили во Шпанија во време на мир. Владата ќе ги мобилизира сите потребни ресурси сè додека се потребни“, рече Санчез.
Видете и ова: Предупредувања за нови дождови во ШпанијаОваа трагедија е најголемата катастрофа поврзана со поплави во Европа од 1967 година кога во Португалија загинаа најмалку 500 луѓе.
Надежите за пронаоѓање на преживеани се зголемија кога спасувачите пронајдоа жена која останала жива откако три дена била заробена на паркинг во Монткада, Валенсија. Кога шефот на цивилната заштита Мартин Перез ја објави веста, жителите ја дочекаа со аплауз.
Во меѓувреме, волонтери се собраа во центарот на градот во Валенсија за да започнат со првото координирано чистење организирано од регионалните власти.
„Се чувствуваме напуштено, има многу луѓе на кои им треба помош. Не е само мојата куќа, туку и сите куќи го фрламе мебелот. Кога ќе пристигне помошта за да добиеме фрижидери и машини за перење?“, изјави за Ројтерс 74-годишната Емилија, жителка на предградието Пикања во Валенсија.
Видете и ова: Бројот на загинати во поплавите во Шпанија се искачи на најмалку 158Медицинската сестра Марија Хозе Гилаберт (52), која исто така живее во Пикања, рече: „Ние сме уништени затоа што нема многу светлина што може да се види овде во моментов – не затоа што не доаѓаат да помогнат, доаѓаат од цела Шпанија, но затоа што ќе помине многу време пред ова повторно да стане место за живеење“.